Градоначалникот на Битола денес во посета на ТППЕ
ТППЕ Битола, како единица во надлежност на локалната самоуправа, која и за време на празниците е со 24 часовно дежурство и оваа Нова година ја помина работно. Градоначалникот Коњановски денеска ги посети пожарникарите кои го информираа дека во текот на ноќта немаа дополнителен ангажман, надвор од редовните обврски. Коњановски им ја честита Новата година, посакувајќи им многу среќа и успешна работа во 2022 година.