Градоначалникот на Битола на терен ДОВЛЕЏИК,асфалтирањето се очекува да биде завршено кон крајот на неделата

 119 

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА ДОВЛЕЏИК

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на асфалтирањето на улицата Довлеџик, на потегот од мостот на реката Курделес до поврзувањето со улицата Големо Езеро во должина од 165 метри. Асфалтирањето продолжува и утре со нанесување на вториот асфалтен слој. Во делот на реконструираниот пропуст на реката Курделес, асфалтирањето се очекува да биде завршено кон крајот на неделата, откако ќе биде постигната соодветната носивост на бетонската коловозна лента. Улицата Довлеџик ќе се реконструира во вкупна должина од 470 метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment