„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ – превентивна активност на СВР Битола – ОВР Прилеп

 1,052 

СВР Битола, односно ОВР – Прилеп во соработка со две фирми од Прилеп, вчера (19.09.2022) отпочна со реализација на превентивни активности и едукативни предавања што во наредниот период ќе се одржуваат во основните училишта во Прилеп, а во рамките на кампањата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Целта на низата превентивни активности е децата уште од најрана возраст да се стекнат со знаења за основните сообраќајни правила и прописи, особено во делот на пешаците и велосипедите, при што се очекува преку почитување на законите, да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура.

Со ваквите превентивни активности што ќе продолжат во наредните денови, со едукативни предавања ќе бидат опфатени, покрај основците во Прилиеп и ученици во основните училишта на подрачјата на Долнени и на Кривогаштани.

извор МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment