ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци
2 ч. ·
Кога часовниците чукаат на таа најпопуларна полноќ во светот, изгледа нема поубаво од веста: Во првите минути од Новата година се роди првото бебе во годината. Плачот на радост и нов живот во првите секунди од Новата 2025 година се слушна во ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Точно на полноќ се породи Мери Ѓоргиева од село Тремник и роди женско бебе долго 50 см и тешко 3000 грама.
Во 01.15. часот по полноќ, Аница Баснаркова од село Возарци донесе на свет момче тешко 3800 грама и долго 52 см. На мајките им честитаме, а на принцезата и принцот им посакуваме да се здрави и среќни
И да не има повеќе и повеќе!