Дел од Чесниот Исусов Крст има и во македонскиот Бигорскиот манастир

Бигорскиот манастир, повеќето од вас го посетиле а исто и нашата редакција имаше повеќе репортажи токму од овој манастир. Кратката историја за Бигорски вели вака според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во 16 век манастирот бил разрушен од страна на Отоманската власт и од целиот комплекс останал само како малата црква.

Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил ѝ првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. На фотографијата е Олтарот во манастирот посветен на Свети Јован Претеча Крстител Господен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment