АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2).
Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во утре претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места особено во западните делови каде ќе се формира помала снежна покривка.