ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНУВААТ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,50 %.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,256 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,517 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 42,517 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment