Дневен билтен на СВР Битола за 01.12.2024

Информативна објава

На 01.12.2024 во 14.50 часот на ул.„Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(39) од Битола затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2024 во 20.30 часот на регионален пат Ресен – Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.И.(53) од Битола затоа што кај него биле пронајдени повеќе предмети кои потекнувале од кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од Кривичниот законик. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2024 во 09.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Кравари, битолско настанал пожар во помошна просторија, сопственост на С.С.(55) од с.Кравари. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 01.12.2024 во 10.50 часот  во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во помошен објект во с. Граиште, демирхисарско, сопственост на С.С.(58) од Демир Хисар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар.

официјални информации од СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment