Дневен билтен СВР Битола:Физички напади, полицијата ги затекна додека краделе во круг на прилепска фабрика

 4,921 

21.09.2022

На 21.09.2022 во СВР Битола, 29 – годишна жена од
Битола пријавила дека нејзиниот сопруг Н.В. физички
ја нападнал. Се преземат мерки за расчистување на
случајот.

На 20.09.2022 во СВР Битола, Д.Ј.(24) од Битола
пријавил дека на 08.09.2022 на ул.„Младински бригади“
во Битола бил физички нападнат од А.Н. од Битола. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.09.2022 во 16.30 часот, полициски службеници од

СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода
Е.Б.(34) и А.М.(32), двајцата од Прилеп. Тие биле
затекнати при извршување кривично дело кражба во
круг на фабрика во Прилеп. Кај нив биле пронајдени и
одземени предмети со кои го вршеле делото.
Тие биле приведени во полициска станица и по
целосно документирање на случајот против нив ќе биде
поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment