Информирајте се за вчерашните пријави до СВР Битола а тие се следни:
На 20.11.2023 во 20.50 часот во СВР Битола, Е.И.(44) од Битола пријавила дека на ул.„Цане Василев” била касната од куче скитник.
На 20.11.2023 во 13.40 часот во СВР Битола, Д.К.(38) од Битола пријавил дека во Градски парк неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 20.11.2023 во 09.15 часот во СВР Битола, Р.Д.(38) од Битола пријавил дека во Градски парк бил каснат од куче скитник.
На 20.11.2023 во 16.00 часот во СВР Ресен, М.Т.(61) од с.Асамати, ресенско, пријавил дека во индустриската зона во Ресен бил каснат од куче скитник.
На 20.11.2023 во 17.00часот во ОВР Прилеп, И.Д.(53) од Прилеп пријавил дека во ходникот на Основен суд Прилеп бил физички нападнат од Д.Ш., двајцата странки во судот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.