Дневен билтен СВР Битола за 03.12.2024

СВР Битола информира за најновиот дневен билтен

На 03.12.2024 во 21.40 часот на место викано „Преслап” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.К.(27) од Република Турција и К.Ц.(34) од Индија, двајцата со привремен  престој во Прилеп. При преглед во патничко возило „фолксваген” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени марихуана и метална дробилка. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 03.12.2024 во 22.50 часот на ул.„Питу Гули“ во крушево, полициски службеници од ОВР Крушево лишиле од слобода 52 – годишен маж од Крушево затоа што физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.12.2024 во 11.45 часот  во СВР Битола, Б.Б.(40)  од с.Лопатица,битолско, пријавил дека во с.Лопатица бил каснат од куче скитник.

На  03.12.2024 во 16.50 часот во СВР  Битола,  Ј.Ј.(36) од Битола пријавил дека кај Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник .

На 03.12.2024 во 10.20 часот во СВР Битола,Г.Г.(52)  од Велес пријавил дека во с.Крстоар, битолско, бил физички нападнат од Ј.Н. со кого од предходно се познавале. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment