Дневен билтен СВР Битола за 3.12

На 03.12.2023 во 13.10 часот во СВР Битола, Г.П.(57) од с.Трновци пријавил дека во с.Ивањевци, општина Могила, бил физички нападнат од Ј.Д.(24) од с.Ивањевци. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.12.2023 во 11.50 часот во СВР Битола, Г.Т.(39) од Битола пријавила дека на ул.„Кланица“ била касната од куче скитник.

На 03.12.2023 во 11.35 часот во СВР Битола, А.С.(46) од Битола пријави дека кај место викано „Областа“ била касната од куче скитник.

На 03.12.2023 на ул.„Сашо Китаноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Ш.(28) и Б.М.(27), двајцата од Прилеп,  затоа што при преглед кај нив и во возилото, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.12.2023 во 19.00 часот, во ОВР-Прилеп 39-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment