Дневен билтен СВР Битола 13.10.2022 настани

 2,347 

На 12.10.2022 во СВР Битола било пријавено дека во продажен објект на улица „Широк Сокак” во Битола, две лица физички ја нападнале вработената и одзеле пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2022 во СВР Битола, 26-годишна девојка од Битола пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот брат Ѓ.Т.. Се преземаат мерки зарасчистување на случајот.

На 12.10.2022 во СВР Битола, Ж.М.(62) од Битола пријавил дека пред паркинг на трговски центар во Битола, по
претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2022 во СВР Битола, С.К.(58) од с. Крклино, битолско, пријавил дека во с.Крклино бил каснат од куче скитник.

На 12.10.2022 во ОВР Прилеп, 53-годишна жена од Прилеп пријавила дека била физички нападната од нејзиниот
сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment