Дневен билтен СВР Битола

На 01.05.2024 во 23.50 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(44) од Битола затоа што тој и неговата сопруга физички нападнале еден полициски службеник и агресивно се однесувале кон други полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 01.05.2024 во 22.00 часот пред угостителски објект во с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Т.(47) од с.Кравари затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.05.2024 во 17.00 часот во провалија во близина на манастирот Св.„Преображение“ во с.Зрзе, полициски службеници го пронашле патничкото моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, за кое на 30.04.2024 во Полициското одделение  Ропотово Е.Т. од Скопје пријави дека и било одземено.Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2024 во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Цапари, битолско, С.М.(47) од Битола паднал од трактор во овоштарник во атар на село Цапари и се здобил со повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

На 01.05.2024 во 14.30 часот на ул.„Драгорска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Џ.Б.(52) од Битола, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп поради бегство од установата. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на осумгодишната затворскла казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment