Дневен билтен СВР Битола 25-26 декември 2022

 18,925 

На 26.12.2022 на регионален пат Прилеп -Македонски Брод, кај место викано
„Сенокошка река“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода
А.К.(37) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал
кон полициски службениц кои извршувале службени дејствија. По документирање на
случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.12.2022 во СВР Битола, И.С.(49) од Битола пријави дека на Градското
шеталиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку
малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.12.2022 на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од Полициската
станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода П.Д. (26)
од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон нив
при извршување службени задачи. По документирање на случајот, против него ќе биде
поднесен соодветен поднесок.

На 25.12.2022 во ОВР Прилеп, Р.О.(27) од Прилеп пријавил дека во месноста „Три
Багреми – Караташ“, Ф.А. и Е.Б. со тврди предмети го оштетиле неговото патничко
возило „форд фиеста“, по што и него го нападнале со предметите. Се преземаат
мерки за расчистување на настанот.

На 25.12.2022 во ОВР Прилеп, С.С.(47) од Прилеп пријавила дека нејзиниот
малолетен син бил физички нападнат од мајка на негов другар. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment