Дневен билтен СВР Битола 26.12.2024

На 26.12.2024 во 22.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот. Од страна на Итна медицинска помош Прилеп С.М. бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

На 26.12.2024 во 21.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“ се случила  сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило  удрило во В.М.(73) од Прилеп и го напуштило местото на настанот. В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.12.2024 полициски службеници од СВР Битола, врз основа на судска наредба го лишиле од слобода И.М.(22) од с.Духово, битолско, со престој во Битола, за издржување на казна затвор во траење од пет години. И.М. е спроведен во Затвор Прилеп за издржување на казната.

На 26.12.2024 во 18.45 часот на ул. „8-ма“   во Битола  од страна на полициски службеници од СВР Битола  бил извршен преглед на малолетник, при што кај него била пронајдена марихуана. Малолетникот бил приведен во Полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

На 26.12.2024 полициски службеници од СВР Битола, врз основа на  наредба од Основен суд Битола го лишиле од слобода Д.Б.(31) од Битола, кој бил баран за издржување казна затвор во траење од една година. Д.Б. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 26.12.2024 во 14.45 часот полициски службеници од СВР Битола кај место викано „Јавор” во Битола го лишиле од слобода  Ф.М.(43) од Битола. При преглед кај него биле пронајдени пиротехнички средства. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На 26.12.2024 во СВР Битола било пријавено дека во с.Црничани била пронајдена авионска граната од Првата светска војна со  кал.155 мм. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

На 26.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 06.45 часот во помошна просторија  лоцирана во подрумските простории од Основен суд  Прилеп на ул. ,,Бул. Гоце Делчев“, настанал пожар. Од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, при што повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment