Дневен билтен СВР Битола 03.07.2023

 436 

СВР Битола информира за дневниот билтен на настани од 03. 07 годинава

На 03.07.2023 полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот
при СВР Битола на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола го лишиле од слобода С. М. (25) од
Битола. Тој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници
кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.07.2023 на ул.„Тризла“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од
слобода Р.Р.(25) и Е.Р.(19) од Битола. При преглед на патничко возило „ауди“ со битолски
регистарски ознаки, управувано од Р.Р., биле пронајдени и одземени седумдесет и три
пакувања и шест ленти-кластери „трамадол“, како и бланко рецепти. Лицата се приведени во
Полициска станица Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело по член 212 од
Кривичниот законик и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 03.07.2023 во СВР Битола И.Ч.(36) од с.Трн, битолско, пријави дека на патот помеѓу селата
Карамани и Трн неговото малолетно дете било каснато од куче скитник.

На 03.07.2023 во 09.45 часот во СВР Битола пријавено е дека на ул.„Игњат Атанасовски“ во
Битола, патничко возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(43)
од Битола, удрило во пешак Ф.С.(79) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки
телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната
екипа на СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment