На 01.09.2024 во 11.45 часот во ОВР Демир Хисар, од Итна медицинска помош Демир Хисар било пријавено дека кај нив на преглед се јавил И.В.(38) од Демир Хисар. Според пријавеното, тој се здобил со повреда при извршување работни задачи на бензинската пумпа во Демир Хисар. Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор.
На 01.09.2024 во 18.11 часот во СВР Битола било пријавено дека кај полетувалиштето за параглајдери на место викано „Мечкин Камен“ во Крушево бил пронајден повреден параглајдеристот К.Ф.Б.(60) од Сојузна Република Германија. Според пријавеното, околу 17.40 часот тој полетал од полетувалиштето, но поради силниот ветар изгубил контрола и паднал веднаш по полетувањето и се здобил со тешки телесни повреди. Од екипа на Итна медицинска помош тој пренесен до хелиодромот, кој се наоѓа на истото место, по што со хеликоптер на МВР бил пренесен до приватна болница во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител.
СВР Битола