463
Денес, во 11 часот и 13 минути (9:13 UTC), официјално започна летото. Ова значи дека на денот на летниот солистициум, Сонцето ја достигнува највисоката точка на небото над северната хемисфера, што го прави 21-ви јуни најдолгиот ден во оваа година за секое место северно од Северниот напоредник (23°26′). По летната долгоденица, времето на дневна светлина станува сè пократко, секој ден, сè до денот на зимската краткоденица во декември.
Ова се должи на накосеноста од 23,4 степени на оската на Земјата. Токму поради ова, на денот на летната долгоденица Северниот Пол на Земјата е навален кон Сонцето. Ова објаснува и зошто периодот на дневна светлина е подолг на северната хемисфера во текот на летните месеци, а особено на Северниот Пол, каде што Сонцето нема да зајде сè до септември, на есенската рамноденица. Иако астрономскиот почеток на летото речиси секоја година се случува во различно време, она што е сигурно е дека секогаш паѓа на некој од датумите од 20 до 22 јуни.
Официјалниот крај на летото, и почеток на есента, оваа година во Македонија ќе биде на 23 септември во 3 часот и 30 минути по полноќ.