Европското небо затворено за руски авиони, само во четири земји НЕ!

 112 

Поголемиот дел од Европа го затвори својот воздушен простор за летови на руски авиокомпании и приватни авиони од Русија, како дел од санкциите наметнати на Москва поради нејзината агресија врз Украина. Една од ретките земји чиешто небо се уште е отворено за руските авиони е Србија.

Меѓу земјите кои го затворија својот воздушен простор за руските авиони и авиокомпании се главно земји од Европската унија. Тоа се Германија, Франција, Ирска, Исланд, Шпанија, Португалија, Белгија, Данска, Луксембург, Холандија, Полска, Чешка, Словачка, Австрија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Грција, Италија, Малта, Романија, Бугарија, Литванија , Естонија, Летонија, Шведска и Финска.

Летовите се забранети и од земји кои не се членки на ЕУ, како Норвешка, Албанија, Македонија и Швајцарија, но и Обединетото Кралство, кое беше меѓу првите што ја донесе таа одлука.

Покрај Украина, каде што војната трае веќе седум дена, воздушниот простор за сите летови го затвори и Молдавија, земјата со која Украина ја дели границата.

Само четири земји немаат воведено забрана

Од друга страна, летовите за руските авиони не се забранети од Босна и Херцеговина, Србија, Белорусија и Турција. На оваа листа се најде и Црна Гора, но се очекува да го затвори небото со оглед на тоа што е најавено дека наскоро ќе донесе одлука за ова прашање.

Практично единствениот начин да се стигне до Москва од Европа е со авион преку Белград, од каде авионите летаат за Турција, а потоа преку Казахстан до еден од московските аеродроми.

Русија одговори на овие мерки со забрана на авиокомпании од 36 земји да го користат нејзиниот воздушен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment