Ех…една ваква пешачка улица ќе ја разубави Битола, на пример Рузвелтова?

Ваквите улици се најбарано место за уметници, модни фотографи, филмаџии и луѓе кои бараат нешто уникатно.

Битола е една и единствена и е уникат, но желбата да е се поубава постојано е присутна.

Нашата Рузвелтова, во срцето на градот е баш погодна, неодамна таму се снимаше и спотот на Божикна серенада.Најавено е дека ќе биде пешачка зона, а убаво би било да е уредена со декорации, зеленило… (само колку тоа би траело, имајќи во предвид дека реката Драгор постојано е контејнер за отпадоци, ,клупите за седење кои се поставени кај пешачките патеки, наутро ги затекнуваме како пливаат низ Драгор…маски на секој втор чекор низ улиците, отпушоци и така натаму) и сето тоа благодарение на мал дел несовесни.Поголемиот број битолчани градот навистина премногу си го сакаат. Убава пешачка улица, дали би траело кај нас?

Волшебната живописна уличка со калдрма

На пешачката улица на фотографиите …Шарени фасади, цвеќиња на прозорците, теракотни вазни – сцена како од сликовници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment