Завршија руско- украинските преговори, ќе има и втор круг

 60 

Заврши првиот круг од руско-украинските преговори. Ќе има и втор. Ова накратко е заклучокот од руско-украинската средба во Белорусија со цел да се стави прекин на војната по инвазијата која Русија ја извршува врз Украина

Советник на шефот на канцеларијата на украинскиот претседател Микаило Подољак изјави:

„Страните идентификуваа голем број приоритетни теми за кои се изнесени одредени решенија. Со цел овие одлуки да добијат некакви можности за имплементација во логистичките решенија, страните заминуваат на консултации во нивните држави.

Партиите разговарале и за можноста наскоро да се одржи втор круг преговори, на кој овие теми ќе добијат конкретна развојна пракса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment