ЗАВРШИ БИТОЛСКАТА ЗИМСКА ПРИКАЗНА, КОИ СЕ ВАШИТЕ ВПЕЧАТОЦИ?

 62 

Денес 1.01.2022 година со ПРВИ нА ПРВИ заврши Битолската новогодишна програма на Зимска Приказна.Започна на 23 декември 2021 година , да се потсетиме што се можеше да погледнете на сцената

Четврток 23.12.2021 17:00 часот- Dj RICARDO, DANNY– L, T- ZOBE, Dj Acika , FOLTIN – Офицерски дом- Новогодишна уметничка работилница за деца 23.12.-27.12.2021 – НУ Завод и Музеј Битола

Петок 24.12.2021 – Офицерски дом 17:00 часотDj B.Boy ,СИТИ бенд, 3 G бенд, КОД 369, ПАРКЕТИ

Сабота 25.12.2021Офицерски дом 11:00 часот — ТРА ЛА ЛА – Детски музички фестивал,- СНЕЖНАТА КРАЛИЦА ВО СВЕТОТ НА СЛАТКИТЕ – Детска театарска претстава, Офицерски дом 17:00 часот- ОРИЕНТ Експрес, МЕЛОС Бенд, – група АМАНЕТ, група МЕЛЕМ, ПАПАЛ, група ГРОМ

Недела 26.12.2021Офицерски дом 11:00 часот — ЗИМА – Детска театарска претстава, ЗКУ Бабец театар- ТРИ – Детска театарска претстава на знаковен јазик – Режисер Јован РистовскиОфицерски дом 17:00 часот -Dj Goks, СТРИНГС бенд, НИЕ (ЗАПИРКА) ДРУГАРИТЕ, ИКС- Бенд, БОЕМИ

Понеделник 27.12.2021 Офицерски дом 17:00 часот-БИТОЛСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР, Dj Boca, Dj Sop, Dj Berryqyat, Dj Bad Juju, FUNKD Up– Бенд

Вторник 28.12.2021 Офицерски дом 17:00 часотDj Saso Spect , ДРАМСКО ОЗБОРУВАЧКО ШОУ, група ЃЕРДАН, група ОСКАР, ДЕСПИНА

Среда 29.12.2021 Офицерски дом 17:00 часот- ПРОМОЦИЈА НА РАЗЛИЧНИ КУЛТУРИ ОД РАЗЛИЧНИ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ (Фолклор, традционални јадења,музика) – Широк сокак- ВИЕНА ВО БИТОЛА – Концерт на класична музика на Камерен Оркестар на Битола – Центар за култура 20.00ч- Dj Chiko, ILE the hair, Contru Dj, THE GROOVE Бенд – Офицерски дом

Четврток 30.12.2021 – Офицерски дом 17:00 часот- НОВОГОДИШНА МАГИЧНА БАЈКА – Детска театарска претстава – ЗЗКА Балада Арт,- ПОДАРОК ЗА ДЕДО МРАЗ- Детска театарска претстава -Театар Дел Арте,- НОВОГОДИШНИ ЖЕЛБИ – Детска театарска претстава- Агим Џело, Dj Ljubisha ,Dj Bobba Funk, МАРИЈА ГРУЕВСКА, група ФОНТАНА

Петок 31.12.2021 Офицерски дом 11:00 часот-КАРАНИЦА ПРЕД КУЌАТА НА ДЕДО МРАЗ – Детска театарска претстава – Театар Солза и Смеа-СИ ДО – Детски музички фестивал,-МАГИЧНО ДРУГАРСТВО ЗА НОВОГОДИШНО ЦАРСТВО – Детска театарска претставаПеток 31.2021 21:30 часот – Офицерски дом-НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР на Битола, ОГНЕНО ШОУ, Dj FLORE, OGNEN & BUKI

Сабота 01.01.2022-ПРВИ НА ПРВИ – Новогодишно искачување на Пелистер

Тоа беше целокупната програма за новогодишната прослава во Битола, настан кој беше посетен и од другите градови . Зимска приказна за прв пат се одржа во Битола по повод новата година , сите изминати години новогодишните настани битолчани ги минуваа на Плоштадот Магнолија но поради енергетската криза , годинава новата 2022 дел од граѓаните ја прославија кај Офицерскиот дом во Битола. Се надеваме дека и вам ви се допадна , и можеме слободно да кажеме дека за Новата 2022 година сепак Битола беше најубава . Кои се вашите впечатоци, треба ли да прерасне во традиционален настан , дали можеби според вас нешто недостигаше,или пак мислите дека се беше повеќе и од одлично?

Детски претстави, концерти на бендови, работилници и ДЏ сетови доминираа во деветте дена континуирана програма на “Зимска приказна” – празничен фестивал кој за прв пат се случи во Битола а беше во организација на Општина Битола.Битолчани во огромен број беа поддршка за овој настан кој опфати 57 различни проекти, во збирно над 60 часа активна програма, создавајќи вистинска празнична атмосфера во градот.

На настаните можност за промоција имаа и малите бизниси, како што се занаетчиите, селектирана угостителска понуда и анимација да се промовираат, нудејќи придружна понуда која асоцираше на празници и славење.

С.А

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment