Закажани преговори меѓу Украина и Русија, Киев бара средба меѓу Зеленски и Путин

 111 

Денеска треба да се одржи нова рунда преговори меѓу Украина и Русија со цел да се најде решение за прекин на огнот, а од Киев побара претседателска средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.

„Претставниците на делегациите на нашите земји, секојдневно комуницираат во видео формат. Нашата делегација има јасна задача: да направи се што е можно за да одржи состанок на претседателите, состанок кој сигурен сум дека луѓето го чекаат. Разбравме дека ова е тежок, но неопходен пат. И нашата цел во оваа борба, во оваа тешка преговарачка работа, е Украина да го добие потребниот резултат, кој е неопходен за нас, за мир, за безбедност“, кажа Зеленски.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави за ТАСС дека дијалогот меѓу претставниците на Москва и Киев ќе продолжи денеска преку видео врска во 10.30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment