ЗА ИКОНАТА ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

 874 

Иконата на празникот го раскажува настанот на Воведението на Дева Марија како мало девојче во Храмот.

Светиот пророк Захарија, таткото на свети Јован Крстител е облечен во неговите свештенички одежди и стои на скалилата на Храмот. Неговите раце се раширени во исчекувањето на Дева Марија, која како мало дете, стои и со Нејзините раце посегнува по него.

На некои икони претставени се и младите девици кои ја придружуваат и стојат позади неа. Исто така, се гледаат и нејзините родители, светите богоотци Јоаким и Ана, како го принесуваат своето дете на Бога и Неговата света служба.

Во горниот централен дел на иконата, Богородица стои на влезот на Светињата на светиите. Покрај неа има насликано ангел, кој пристапува кон од Бога избраната носителка на Спасителот на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment