За лични карти термин за во август, и понатаму гужви и нервозни битолчани

Во ист кош сите и оние граѓани на кои им е време за редовна замена и оние кои сакаат да заменат лични карти кои се уште важат но со старо име на нашата земја.Па имајќи го ова во предвид оние на кои рокот на важност им истекува во април им се доделува термин за во август за редовна замена а до август како ќе функцираат во банка или нотар и слично без важечки докумен за идентификација , одговор нема, одговорот е, нема термин. И наместо како приоритет да се категоризираат оние на кои важноста им истекува, истите ќе останат со месеци без лични карти. Итна постапка за лични карти веќе нема . Банките се пак одлучни бараат важечки лични карти или пасош. Ако и на личната карта и пасошот му истекува важноста вие можите само едно да извадите итен пасош 6 100 денари и такса 200 денари, и да чекате со месеци за лична карта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment