593
Вчера во времето од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 131 возачи.
42 санкции се изречени на територија на Битола, 38 санкции на територија на Прилеп, 39 на територијата на Ресен, 7 во Македонски Брод и 5 Крушево.
Од СВР Битола велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.