1,762
Штрајкот во Белгија поради зголемите трошоци за живот го принудил аеродромот во Брисел да ги откаже сите патнички летови денеска, а ширум земјата е сопрен и автобускиот превоз.
Синдикатите рекле дека очекуваат десетина илјади луѓе на демонстрациите во Брисел. Возовите сообраќаат, но делумно поради тоа за на демонстрантите да им се овозможи да се соберат во главниот град на Белгија.
Бриселскиот аеродром соопштил дека не може да дозволи проаѓање на патнички летови бидејќи штрајкот се проширил на безбедносниот персонал. Локалниот јавен превоз вршел минимални услуги.
Инфлацијата во Белгија во јуни достигнала девет проценти и се одржува наглиот раст на цените насекаде во главно поради тоа што руската инвазија на Украина го погодила снабдувањето со жито и предизвикала раст на цените на енергијата.
Премиерот Александер Де Кро рекол дека белгиските работници се подобро заштитени од работниците во повеќето други земји од ЕУ бидејќи платите се индексирани во однос на инфлацијата.
Де Кро рекол дека за „RTBF“ дека владата ги продолжила мерките за намалување на даноците за промет на гас, струја и горива до крајот на годината.