Зеленски: Ако не ни дадете авиони, сакате да не’ убијат

 60 

„Ние сме луѓе. Вашата хуманитарна должност е да не’ заштитите. Можете да го направите тоа. Ако не го направите или барем не ни дадете авиони да се заштитиме, постои само еден заклучок: Сакате да не’ убијат“. Ова го изјави украинскиот претседател, Володомир Зеленски во видео-порака.

Претходнo тој соопшти дека целосно е уништен цивилниот аеродром во градот Винница, југозападно од Киев.

Во истото видео, Зеленски го повтори својот апел до светските лидери да воспостават зона на забранети летови над Украина.

Членките на НАТО се против идејата за воспоставување зона на забранети летови над Украина. Имено, тоа би значело дека авионите на НАТО директно би се судриле со руските борбени авиони што би предизвикало поширок конфликт со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment