Од дневниот билтен на СВР Битола
На 16.09.2024 во 09.29 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.А.(49) од с.Могила. Според пријавеното, претходно и во текот на денот имал здравствени проблеми и се јавил на преглед кај неговиот матичен лекар, кој го препратил на преглед во Клиничка Болница. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
СВР Битола