349
Педесет и осум проценти од младите би се иселиле од државата, а 64,8 проценти се незадоволни од своето место во државата, покажуваат податоците од истражувањето изработено од Фондацијата за демократија на Вестиминстер, на кој учествувале околу 1 000 испитаници.
Петар Барлаковски, претседател на Младински образовен форум на денешната конференција на тема „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“, во организација на Прогрес – Институтот за социјална демократија, истакна дека она што може да се увиди е дека за жал има голем број млади луѓе кои сакаат да си заминат од државава и висок степен и процент на незадоволство помеѓу младите од тоа што државата не придонесува за подобрување на младинскиот стандард.