Исус значи – Спасител, а Христос – Помазаник Божји или Цар

Но, Исус Господ бил сосема необичен цар: немал ни дворец ни златен престол ни златоткаени одежди ни војска витешка… Се родил не во дворец туку во пештера, а и пештерата не била од оние најубавите и најудобните за луѓето: во нејзиното зимско студенило Го грееше здивот воловски и јаслите за стоката со боцкавата слама беа Неговата царска постела…

Сепак Исус беше вистински Цар. Беше не некој друг туку Синот Божји, единствениот Син на Отецот Небесен, семожниот Творец на небото и земјата и на се видливо и невидливо. Тој беше Бог Кој смирено ја понизи семоќта Своја и стана човек како и ние и откако поживеа со нас во сиромаштијата наша и откако пострада до смрт поради нас и воскресна од мртвите, ни ги откри големите тајни на животот и смртта и на сите ни отвори пат за живот вечен со Него во Неговото Царство кое ќе нема крај…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment