И ДЕНЕС ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Најмногу дожд 39 л/м2 наврнаа во Крушево, 33 Маврови Анови, 32 Попова Шапка, Пожаране, 24 Битола, 23 Тополчани, 22 Тетово, 14 Прилеп, 7 Охрид, Претор, 6 Дебар, 5 Гевгелија, 2 Велес, Скопје – Зајчев Рид, Дојран, 1 Скопје – Петровец, Ѓуриште, Демир Капија, Кавадарци.

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно со повремен дожд пообилен во западните и југозападните делови од земјата. Дуваше слаб до умерен претежно југоисточен ветер повремено засилен наместа долж Повардарието и во југозападните делови. Изутринава е облачно со повремен дожд пообилни во западните и југозападните делови од земјата. Наместа дува слаб до умерен југоисточен ветер најизразен во штипско.

Претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени. Во Битола до 11 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment