КАЗНЕТИ 164 ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ, 13 ВОЗЕЛЕ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

 3,496 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје се изречени вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за возач почетник…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment