Како УМС Вмро – Дпмне Битола ги промовираше духовните вредности

 364 

Видеото е од 2014 година. Од нашата Архива

содржина на видеото -На денешната Богослужа во битолската црква Света Недела покрај верниците присуствуваа и членови на Унија на Млади Сили од ВМРO ДПМНЕ – од Битола. За Новост претставникот од Општинскиот комитет на Унијата на Mлади Сили од Битола Игор Петковски изјави дека нивната денешна посета на ова свето место е поради покренувањето на иницијативата да се промовираат духовните вредности кај младите. Од оваа партија најавуваат дека наскоро ќе реализираат трибина наменета за веронауката. Воедно Унија на Млади Сили при ВМРО ДПМНЕ од Битола ги повикува граѓаните почесто да ги посетуваат храмовите во градот , во неделите да присуствуваат на Богослужбите во нивните најблиски цркви. Верниците денес токму овде се поклонуваа и ги целиваа светите мошти на Преподобен Ефтимиј Велики, овие свети мошти во битолскиот храм на Света Недела ги донесе отецот Вартоломеј од Лешани, манастир Сите Светии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment