108
По 20-ти пат во Прилеп на 6-ти март ќе се одржи карневалот „Прочка 2022“ по двегодишна пауза заради паднемијата од ковид-19.Првиот настан од карневалот е во петок кога од 12 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на маски и за најкреативните ќе бидат доделени награди. Главните активности за карневалот, беше посочено на прес-конференцијата, се во недела, а подготовките, како што велат од општина Прилеп се при крај.