1,345
На 07.08.2022 година во 20 часот и 22 минути од страна на Итната медицинска помош во Демир Хисар било пријавено дека кај с. Утово локален пат за с.Смилево се случила сообраќајна несреќа, помеѓу мотоцикл шинрај управуван од малолетник од с. Утово и патничко возило фолсваген пасат со битолски регистарски ознаки , управувано од С.П (44) од с. Утово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот сопатник на мотоциклот од с. Стругово, констатирани во Клиничката болница во Битола. Увид е извршен- информираат од СВР Битола