Кај Хераклеа во Битола и кај Старата Болница приведени поради марихуана

 708 

На 11.07.2022 на место викано „Сива вода“ кај археолошкиот локалитет Хераклеа, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода С.М.(34) од Скопје, М.М.(30) и С.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.07.2022 на место викано „Стара болница“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Извор Дневен билтен МВР https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/2660

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment