107
Градоначалникот на Киев во интервју за Асошиетед прес рече дека градот сега е целосно опколен од руските сили.
Виталиј Кличко беше прашан дали има планови за евакуација на цивили доколку руските трупи го окупираат главниот град.
„Не можеме да го направиме тоа бидејќи сите патишта се блокирани. Во моментов сме опколени“, рече тој.
И вечерва во Киев се слуша сирена која сигнализира опасност од воздушни напади.