Секоја година во периодот на божикните празници на површина излегуваат одредени недоумици околу нивното правилно чествување.
Недоумиците се резултат на нечие отсуство од живеењето на верата низ светите тајни на Црквата. Затоа, недоумици има само таму каде што го нема знаењето што произлегува од активното живеење на верата, од запознавањето со верата преку проповедта на свештенослужителите, преку делата на отците, преку учеството во светата литургија и другите богослуженија, преку читањето на Светото писмо… Така ќе немаме недоумици и ќе знаеме како се празнуваат празниците.
Свештениците пак се поделени во ставовите за палење бадников оган, додека едни изјавуваа дека тоа е пагански обичаји нема да ги посетуваат тие места други беа токму покрај бадниковиот оган. Всушност, може да се каже и дека не е православна традиција, особено не во обликот во кој суштествува. Најважното е да се присуствува и учествува, од почетокот до крајот, во богослуженијата на Црквата, и на Бадник и на Божик
Бадник е денот пред Божик и е последниот ден од божикниот пост. Како дел од постот, подразбира дека трпезата треба да биде и посна и скромна. Никогаш немало инструкции, зашто тоа и нема никаква смисла, што треба да има на трпезата или пак она дека трпезата не треба да се раскрева. Важно е како семејство да бидеме во Црква за време на вечерните богослуженија, а потоа служењето на Бога да го продолжиме како семејство на трпезата, во мир и со добра волја.
Сѐ во православната традиција има смисла и има историја. Така е и со оваа традиција и таа смисловно и историски е поврзана со Василица. Значи лепче со паричка на Василица, а не на Бадник. Имено, традицијата е поврзана со чудото што се случило за времето на свети Василиј Велики, чиј спомен го одбележуваме на Василица. Царот гонител на христијаните, Јулија Отстапник се заканил дека ќе го разурне христијанскиот град Кесарија во Кападокија кога ќе се врати од походот на Персија. Свети Василиј, кој бил епископ на градот, побарал од народот да го соберат сето злато што го имаат во домовите и да му го дадат на среброљубивиот цар и така да го предомислат во лошата намера. Но царот загинал во походот на Персија. Свети Василиј требало да го врати златото на народот, но не знаел како секој да го добие своето. Па ги повикал своите свештеници и помошници и меселе лебови и во секој леб ставале одредено количество од златото, па лебовите ги поделиле на граѓаните. И секој кога го прекрил лебот, во него го нашол тоа што го дал. Во спомен на ова чудо, ние месиме лепче на Василица, кое се нарекува василопита, и внатре ставаме паричка.
С.А