Кои лица ќе добијат 600 или 800 денари месечно за сметките за струја?

 73 

Владата усвои „Програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година“, со која се предвидува најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош, да добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија од 600 или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

Според Програмата, ранлив потрошувач е домаќинство коешто користи гарантирана минимална помош и остварува паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со Законот за социјална заштита и во коешто живее лице во состојба на социјален ризик (мајчинство, болест, старост, повреда и попреченост).

За заштита на ранливите потрошувачи предвидени се следните мерки:

Директна финансиска поддршка на ранливи потрошувачи на енергија како паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во месеците од октомври до март.
Финансиска поддршка за лица со ниски примања доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа: за самец до 15.194,00 денари; за домаќинство со два члена до 18.000,00 денари; за домаќинство до три члена до 21.000,00 денари; за домаќинство со четири члена до 25.000,00 денари; и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 30.000,00 денари. Овие лица ќе го остварат правото по пат на јавен оглас кој ќе го објави Министерството за економија.
Финансиската поддршка ќе се исплатува 12 месеци со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.
За спроведување на оваа Програма обезбедени се средства во износ од 60.000.000,00 денари и ќе се применува од 1 јануари 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment