Прочитајте каков извештај напишал дописник од Битола, кој појаснил ама баш детално се …ова е врв на квалитетното професионално новинарство
интегрален текст
Јасна слика за разрушувањето кое го претрпела Битола дава дописникот на весникот Политика, Белград од 26.04.1922:
„Кога доаѓајќи за Битола од Прилеп стапнете во градот, сретнувате веднаш и насекаде купишта од присобрани исркшени стакла, малтер, парчиња герамиди, ќунци, тули, дрвенарија и парчиња од распрснати гранати. Ни на една куќа нема здраво прозорско стакло. Во работилниците железните ролетни искинати се како да се од хартија.
Покривите на многу куќи се испревртени, а ѕидовите или нивните делови се урнати. Расфрлениот намештај внатре изгледа неверојатен. Влегував во многу куќи. Мебелот во нив, скоро набавен, нов, упропастен е сосема или скоро упропастен. Таваните се испопаднати. Од ѕидовите се одлепил малтерот и варот и се гледаат тулите.
По кафеаните упропастени се кенлераите, огледалата, а сликите испаднати се на подот и искршени се. Во кaфеаната „Москва” не остана ништо здраво. Дури и масите и столиците се разлетаа од едниот на другиот крај, раздробувајќи се.
Местото на експлозијата претставува хаос од урнатини. Изгорените куќи со своите поцрнети ѕидишта, кои штрчат над урнтините изгледаат страшно и жалосно. Стеблата покрај теснолинејката пресечени се од експлозијата на средината. Шефот на станицата живее во еден вагон од трета класа.
Полјанката меѓу железничката станица и Црвената касарна покриена е со вода.
Избирајќи суви места на кои има се уште неексплодирани гранати на секој чекор, отидов со окружникот началник до местото каде што имаше муниција и каде што се случи експлозијата.
Тоа денес претставува една огромна дупка долга 200, широка 50, а длабока 12 метри. Дупката од сите страни окружена е со брегови од исфрлена земја, парчиња од распрснати гранати и пепел. Магацинот за брашно и маст изгорен е и урнат. Неексплодирана муниција на полјанката има уште. Таа засега лежи во водата, која од потокот не престанува да дотечува .
извадок од https://bitola.info/golemata-eksplozija-vo-bitola/