Колку портали има во Битола?

 66 

Ќе ги споменеме оние за кои што знаеме а доколку некој пропуштивме тоа е секако ненамерно,

Бабам Битола.мк е Битолски портал кој на битолчани им нуди поконкретно настани за градот, неговата историја, портал кој знае со својата позитивност да внесе насмевка , секогаш со свои идеи, различен од сите останати

Битолски весник има исто портал на кој се обработуваат актуелните градски теми , доста значајно и професионално

Шеталиште е исто така битолски портал каде што може да се прочита за модата, познат и по своите објави за Саботното корзо,

Аналитикум е портал наменет за Битола нуди актуелни теми

Насловна.мк е уште еден градски портал со што Битолчани имаат можност да читаат богати содржини

Битолањуз е портал на градот опфаќа и теми за спортот во градот а и локални теми, тој е препознатлив по своите прекрасни фотографии од градот

Тв Тера има исто свој портал каде што активно ги информира битолчани за сите настани , посебно пријатни за читање се теренските активности

Се надеваме не заборавивме никој , сите овие погоре наведени портали се трудат професионално да ги информираат граѓаните им го разубавуваат денот на читателите убаво е што постојат и нека прераснуваат во се поуспешни и поуспешни , патем секој си е успешен на свој начин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment