Комисијата за заразни болести: Учениците ќе продолжат да носат маски

 92 

Интересот на граѓаните да се вакцинираат со прва, втора или трета доза вакцина не е зголемен на посакуваното ниво и покрај напорите на Министерството за здравство да го зголеми вакциналниот опфат преку испраќање на СМС пораки за ризичните групи граѓани и оние кои имаат повеќе коморбидитети со точен термин и пункт за вакцинација.

Како што брифираат за Слободен печат извори од Комисијата за заразни болести, тоа е причината поради која маските за учениците во училиштата нема да паднат додека не се постигне солиден вакцинален опфат. Според нашите извори, доктори од Комисијата, Македонија би била првата земја во светот што би ги укинала маските на само 41 процент вакцинирано население и таков ризичен потег не доаѓа предвид. После денешната седница на Комисијата за заразни болести не беа донесени нови мерки и препораки откако е увидено дека интересот за вакцинација не се зголемува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment