Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, соопштуваат од владата.
Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.
Посочуваат дека реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.
Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.