790
Необичен настан во Дебар Маало.Непознато лице оставило коњ во објект во текот на целиот ден. Станари кои живеат во околината на објектот го забележале животното и настанот го пријавиле во МВР, по што на терен излегол и инспектор од АХВ.Експресна реакција имаше и директорот на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов, кој соопшти дека животното ќе биде соодветно згрижено од ЗОО Скопје и ќе му биде пружен хуман третман.