Ламбе оди во притвор, граѓаните вечерва ќе протестираат за поддршка на пејачот

 615 

Масовен протест за поддршка на Ламбе Алабаковски е најавен за вечерва во 18 часот во Битола. Организатор на протестот е партијата Левица.

Под мотото „И јас сум Ламбе“ на социјалните мрежи дел од јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач, осомничен дека ја запалил влезната врата на клубот „Иван Михајлов“ во Битола.

Инаку, пејачот Ламбе Албаковски ќе оди во осумдневен притвор.

Претходно од Обвинителството соопштија дека ќе побараат притвор за Алабаковски поради опасност тој да не ја напушти државата, бидејќи поседува и американско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment