1,055
Во маркетите низ градот лебот од пред неколку дена има нови цени, кои на некои видови леб се повисоки и до 10 денари. Од мелничко-пекарската индустрија велат дека причината за поскапувањето на лебот се цените на струјата и гасот за компаниите кои се повисоки дури и за 100 отсто. Оттаму велат дека несериозно е да се очекува намалување на цените на основните производи во услови кога сè е поскапено, а компаниите се пред затворање
Граѓаните деновиве беа изненадени од новите цени на лебот во маркетите. Велат дека цените постојано растат, а тежината останува иста, 450 грама што значи дека леб од еден килограм реално чини 70 денари.
Пекарниците најавуваат и нови цени на бурекот и белите печива. Бурекот, кој пред неколку месеци е поскапен за една четвртина, чини 70 денари, а може да стигне и до 100 денари. Нови цени ќе имаат и белите печива кои сега се продаваат од 30 до 60 денари.