ЛЕВИЦА:ПРЕЛАЖАНИ И ИЗБРКАНИ ПАЗАРЏИИТЕ ОД ДИРЕКТОРКАТА КАРАПАШОВСКА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

 1,411 

Покрај насилното протерување на пазарџиите позади новиот пазар на паркингот кои уредно си плаќаа дневен закуп, се прелажани од директорката на ЈП Пазари и градоначалникот Тони Коњановски

По денешната дискусија со пазарџиите се утврди на терен дека воопшто нема никаква реализација од страна на директорката на ЈП Пазари од тоа што им го ветуваше во присуство на седница пред советниците и пазарџиите.

📌Струмичките комбиња ја продаваат својата роба на старото место.

📌Редоследот на тезгите во пазарот не е според договорот кој беше констатиран во Совет.

📌Колички за транспорт на робата не се набавени.

📌Хигиената во пазарот е катастрофална.

📌Тоалетите им се заклучуваат на пазарџиите.

📌Секоја вечер им се кради робата поради неисполнување на безбедносни услови.

📌Канти за ѓубре не им се обезбедени.

👉Одговорност мора да преземи локалната власт и да ја РАЗРЕШИ директорката на ЈП Пазари како што беше договорено во советот доколку не се реализираат барањата на пазарџиите.❗

Советничката група на Левица цврсто стои до ставот на пазарџиите кои бараат одговорност и во иднина ќе се иницираат заложби за спроведување на услови на земјоделците❗– велат од Левица Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment