3,535
Левица – Битола
2 мин. ·
СПЛОТЕНОСТА НА НАРОДОТ ПОСЛЕ ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ ВРОДИ СО ПЛОД
Граѓаните на вчерашниот протест масовно го искажаа револтот против фашизмот, битолчани побараа слобода за Ламбе. Битола уште еднаш покажа дека поривот да се победи неправдата е сè уште голем, сплотени со заеднички сили, достоинствено, докажавме дека нема да дозволиме газење врз достоинството на Македонија, како земја која дала премногу за ослободување од фашизмот.
Денес Ламбе е пуштен во куќен притвор, и неговиот дом од денес ќе го чуваат припадници на СВР-Битола. За нас овој потег од страна на судот не е доволен, бараме Ламбе да се брани од слобода и на крај да добие ослободителна пресуда! Со се спротивно од ова ќе биде нарушено нашето достоинство како држава, ќе згазнеме на АСНОМ и УСТАВОТ на Република Македонија.
За денешниот куќен притвор и се што ќе се случи во иднина во прилог на ослободувањето на Ламбе е заслуга на народот кој својот револт и сплотеност ги покажа вчера на протестот!